Филипче: 29 излекувани, 41 нов случај на Ковид-19
Објавено во: Македонија 23 Април, 2020
Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти, додека во изминатото деноноќие потврден е 41 нов случај на Ковид-19 .Од оздравените 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекувале во домашни услови.
Од новозаболените пак, намногу се од Скопје или 17 лица. Од Куманово се 11, од Прилеп се пет, од Тетово се три, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1.
Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.