Филипче: Може да заболат и 2.000 луѓе, пикот за еден месец

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020 15:10
Епидемијата на заболувањето Ковид-19 е во силен ек, а секоја епидемија има тек, односно почеток, па акцелерација, па пик и понатаму намалување. Согласно ова, ние очекуваме бројот на заболени да се зголемува, рече на прес конферецијата пред малку министерот за здравство Венко Филипче.
Рече дека е можно да имаме 2.000 заболени, а пикот да биде за еден месец од сега.
Рече дека сега е најважно да се спречи локалната трансмисија. Моментно има 26 заболени, а тројца се нови од денеска.
„Останете дома - не контактирајте со луѓе - не се задржувајте во маркетите и одржувајте лична хигиена. Се надевам пикот нема да е остар, рече Филипче.
Утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на тројцата пациенти коишто се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“. На пресот вчера информацијата беше за двајца, а потоа се јавил уште еден пациент, и денеска во Институтот за јавно здравје се направени контролните тестови со цел да бидат унифицирани и го потврдија нивниот резултат. Денеска, до 12 часот вкупно во земјава има регистрирано 26 заболени пациенти.
Станува збор за пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент. Понатаму, семејство сопружници коишто престојувале во странство и дошле во нашата земја пред неколку дена, вчера член на семејството ги однел материјалите на Клиниката „Жан Митрев“, каде што истите дале позитивни резултати. Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се се уште на домашно лекување. Тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести.
Во тек се контактите и интервјуата со сите сопатници коишто патувале со пациентката од вчера - која дошка од Холандија со истиот авион од Виена, кој слетал вечерта меѓу 12-ти и 13-ти во Скопје. За ова е стапено и во контакст со Австриската амбасада и дадени се сите потребни информации
Инаку, во моментов, вкупната бројка на пациенти со коронавирус во нашата земја е 26, од кои 17 се хоспитализирани на Инфективната клиника и останатите девет се во Дебар. Капацитетот на Инфективната клиника е целосно подготвен, првиот спрат е четвртина од вкупниот капацитет и се уште не е исполнет, меѓутоа целосно е подготвен и вториот спрат на клиниката да ги прими пациентите за хоспитално лечење, без разлика дали е обична соба или интензивна нега со оглед на тоа што на секоја позиција можат да се стават респираторни машини затоа што секаде има довод на кислород.
Министерот остварил контакт и со кинеската амбасада, од каде било укажано дека има сериозни шанси да стигне помошта од маски, одела и респиратори, а до крајот на неделата ќе има поконкретни информации.
Во однос на бројот на автобуси, со градоначалникот на град Скопје е договорено да се зголеми бројот на автобуси во утринските и попладневните часови, согласно динамиката на патници, бидејќи заради редуциран број на автобуси има поголема група на патници во еден автобус што секако не е препорачливо.
Околу 200 лица, наши државјани кои се наоѓаат унгарско-српската граница, со организиран превоз се очекуваат да дојдат на преминот Деве Баир. Од нив најголем број, согласно информациите досега работеле во ризичните региони во Италија, а дел од нив се во Австрија, точните податоци ќе бидат регистрирани откако ќе се интервјуираат на влез во нашата земја.
Сите овие лица тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште на Криволак, каде се обезбедени услови, снабдување со храна, медицинска поддршка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија
