04 Јули, 2024
0.2153

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

„Левица“ ја повика власта да ги оспори пописните резултати во Албанија во кои Македонците се повеќе од три пати помалку од новопечените „Бугари“.
„Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на Софиската и Тиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно! Според резултатот од пописот, 7957 се попишани како Бугари, додека само 2281 се попишале како Македонци, иако никогаш во сите досегашни 11 пописи кои ги има спроведено Албанија, ниту еден жител се нема изјаснето како Бугарин.
Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население. Притисок врз Македонците беше системски и се вршеше заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, со што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за остварување на своите цели!
За овие проблеми, како и за многу други, Македонците преку своите претставници и здруженија, многупати алармираа до државните институции и до власта на Рама, кои воопшто не реагираа по однос на пријавените проблеми!“, реагира оваа политичка партија во денешното соопштение.

„Левица“ додава дека пописот во Албанија е злоупотребена алатка од страна на Бугаријаза нови уцени.
„Од Министерството за надворешни работи бараме итна реакција на меѓународна инстанца, оспорување на резултатите од пописот во местата со македонско население во Албанија и претставување на проблемот до Европската комисија, со цел заштита на правото на самоопределување на Македонците и спречување на нивна бугаризација во Албанија!“, алармираат од таму.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец

ЈП ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА МГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА 12 ГОДИНИ РАБОТИ СО БЛОКИРАНА СМЕТКА: Одржувањето на патиштата е во опасност, велат од ДЗР

ЈП ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА МГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА 12 ГОДИНИ РАБОТИ СО БЛОКИРАНА СМЕТКА: Одржувањето на патиштата е во опасност, велат од ДЗР