04 Јули, 2024
0.0298

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка од антикризната мерка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада. 

„Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени“,објави Марија Митева, портпаролот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.



Можеби ќе ве интересира

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец