07 Октомври, 2024
0.0273

ФИЛИПЧЕ ДЕЦИДЕН: Инспекторатот ќе казнува за невакцинираните деца

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со глоби ќе се соочат родителите чии деца не се вакцинирани односно не ја испочитувале одлуката на надлежните во однос на имунизацијата и заштитата од морбилите .

Првиот човек на здравството децидно вели дека нема повлекување од одлуката и најави засилени контроли од здравствениот инспекторат во училиштата.

Засега бројот на заболени од морбили стагнира и покрај информациите во дел од медиумите дека неколку училишта примале деца кои не се ваквинирани.

Неколку дена пред стартот на новата учебна година основните училишта ги потсетуваа родителите до крајот на месец август да достават потврда дека детето ги има примано сите вакцини. Доколку родителот, не доставил до 31 август уредно пополнет вакцинален картон, детето нема да биде запишано на училиште, иако во месецот кога се запишуваа првачињата нивните документи биле примени.

Министерството за здравство во соработка со министерството за образование во екот на епидемијата со морбили воведе и агресивни мерки за теренска вакцинација на учениците во училиштата. И покрај оваа мерка и редовните апели на здравствените работници да се вакцинираат децата со МРП вакцина како најдобра заштита од морбили, според податоците на Институтот за Јавно здравје околу 8000 деца немаат примано МРП вакцина во земјава.

Стапката на вакцинација во целата држава на крајот на август изнесуваше 98%. Во Скопје беше 99%, а во останатиот дел од државата 97%, со што всушност е исполнета препораката на Светската здравствена организација.

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи