МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2024 08:28
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и
републиканскиот кандидат на овогодинешните претседателски избори вчера го изведе технолошкиот милијардер Илон Маск
на сцената за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, местото
каде што беше повреден во
средината на јули.
Во своето обраќање до илјадниците собрани следбеници на Трамп, Маск повтори многу од тезите што ги користеше поранешниот американски претседател и неговиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс во нивната кампања.
„Тие сакаат да ви го одземат правото на глас и правото да носите оружје“
Технолошкиот претприемач кој ги лансираше Tesla и Space X и ја купи социјалната платформа Twitter ги нарече претседателските избори на 5 ноември „најважните избори во нивниот живот.
„Другата страна сака да ви ја одземе слободата на говорот. Тие сакаат да ви го одземат правото да носите оружје“, им рече Маск на толпата, додавајќи:
„Тие сакаат да ви го одземат правото на глас.
„Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“
„Претседателот Трамп мора да победи за да го зачува уставот. Мора да победи за да ја зачува демократијата во Америка“, рече Маск.
„Ако не го стори тоа, ова ќе бидат последни избори. Тоа е моето предвидување“, рече Маск.
Инаку, Трамп неодамна навести дека Маск би можел да предводи комисија за ревизија на финансиите на САД доколку победи на изборите „Маск треба да ги намали државните трошоци“, рече Трамп.
фото: EPA-EFE/WILL OLIVERМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ТЕХЕРАН Е ВО ПЛАМЕН: Израел погоди нови цели

ЕСКАЛАЦИЈАТА ИЗРАЕЛ-ИРАН СО ПЕТ НАЈЛОШИ СЦЕНАРИЈА: Што ако Америка биде вовлечена?

УБИЕНИ ДЕМОКРАТСКАТА ПОЛИТИЧАРКА ХОРТМАН И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ: Лажен полицаец пукал и во сенатор и неговата сопруга, полицијата трага по убиецот

ПОВЕЌЕ ОД 30 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ: Крајна дестинација им бил Израел

ЕВРОПА ВО ЖЕНСКИ РАЦЕ: Моќта, стилот и интелигенцијата на европската политика

По професија е лекар, има седум деца и обожува да јава коњи: Моќна како лидерка, нежна како мајка - Помалку познати факти за Урсула Фон Дер Лајен

ШТО Е ХАИБАР - ИРАН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ИЗРАЕЛ СО ОВА ОРУЖЈЕ: Нема информации кога ќе ја лансира
