Филипче: До крајот на овој месец или следниот очекуваме да профункционира Ковакс системот, сите вакцини што ќе стигнат кај нас ќе бидат безбедни, ќе ги следиме препораките
Објавено во: Македонија 17 Март, 2021
До крајот на овој месец или почеток на следниот се очекува да профункционира Ковакс системот, од каде земјава очекува околу 100.000 вакцини.
Сппоред министерот за здравство, Венко Филипче, успешно тече процесот на вакцинација на здравствените работници, досега се вакцинирани 5.300 здравствени работници заклучно со вчера и тоа е битно бидејќи е сега голем ризикот, па тие тгреба да се заштитат.
„За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолговлечи, но до крај овој месец и следниот очекуваме да профункционира КОВАКС системоти ковакс, очекуваме околу 100.000 вакцини“, рече Филипче.
Имаме некои најави но не ги кажувам датумитѕе бидејќи многу парти се случи тие датуми да се одложат.
Имаме информации дека и кинеските и Фајзер може да стигнат до крајот на мерсецов, но ќе потврдиме пред јавноста тогаш кога ќе знаеме дека вакцините навистина се тргнати кон земјава.
Нашите информации од вчера се дека Фајзер го подига нивото на вниматеклнсот со сите земји со кои преговара и ќе бара од сите земји посериозни критериуми за безбедност.
„Денес ќе го добиеме тој документ. И тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите од овој договор“, рече министерот.
Свесен е дека набавката не оди согласно посакуваната динамика.
„Побарувачката ја надминува понудата. Практично ова е војна за вакцини. Ние пристапивме сериозно, но има голем притисок врз произвподителите, и дури каде што има директни договори, се доцни со испораката, нема друга причина, тоа е причина зошто се доцни, правиме се што е во наша моќ. Откако ќе се набават брзо и ефикасно ќе ја спроведеме вакцинацијата, дотогаш граѓаните да ги почитуваат сите мерки“, вели Филипче.
За несаканите ефекти на АстраЗенека рече дека буквално сикте вакцини што ќе влезат во земјава ќе бидат безбедни за гртаѓаните, експертскиот тим тоа го следи.
„Утре е закажан состанок на комитетот за безбедност на ЕМА, и ќе дадат став за овие малку случаи, и оттука ќе извлечеме пораки. Сите експерти и од нашиот тим ги следат и несаканите ефекти и од сите здравствени организации, вакцинирте кај нас ќе бидат безбедни и ќе се дбаат согласно препораките“, рече Филипче.
Повеќе детали за вакцините тука.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.