06 Октомври, 2024
0.0278

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СЕ ПРОПАДНАТИ ПРЕГОВОРИТЕ СО КИНЕЗИТЕ – МЗ вели: Вакцините во земјава ќе стигнат во следните недели

Објавено во: Македонија 17 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вакцините во земјава ќе пристигнат во следните недели. Кога точно и кои вакцини, јавноста ќе биде навреме информирана. Ова е одговорот што Фактор го доби од Министерството за здравство на нашето прашање кога точно се очекува да стигнат првите вакцини во земјава, а кои ќе бидат наменети за обичните граѓани, а не за здравствените работници, и кога конечно може да се очекува да почне масовната имунизација на населението во државава.

Како што е познато, досега во земјава стигнаа 8.000 дози вакцини на Фајзер кои беа подарок од Србија, како и 3.000 дози руски вакцини од производителот Спутник. Но, и едните и другите ќе завршат во рамената на здравствените работници, кои се најистурени во лекувањето на ковид пациентите.

„Поради состојбата во која во моментов се наоѓаме од епидемиолошки аспект, вакцинацијата со веќе пристигнатите вакцини продолжи со здравствените работници кои се директно изложени на ризик од вирусот“, потенцираат од Министерството за здравство.

НЕМА ПРЕЦИЗЕН ОДГОВОР КОГА ЌЕ ПОЧНЕ МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА

Но, кога ќе почне масовната имунизација на граѓаните и кога и од каде ќе стигнат првите вакцини, уште не се знае. А, опасниот вирус и натаму коси во земјава, па само вчера имаше 999 новозаразени случаи, и дури 24 починати граѓани.

Во меѓувреме, соседна Србија докажува дека уште на времето многу сериозно го разбрала проблемот со вакцинирањето. Во таа земја дури 791.000 граѓани веќе се вакцинирани со две дози вакцини. Вкупно, пак, досега се дадени 2.040.000 вакцини на граѓани, додека на порталот е-влада се регистрирани 1.380.000 граѓани кои се заинтересирани да примат една од вакцините на вирусот.

Во Албанија, пак, синоќа пристигна пратка од 9.360 дози од вакцината на Фајзер, од договорените 200.000. Се најавува пристигнување и на нова количина од околу 60.000 дози. Инаку, во таа соседна држава досега се пристигнати 80.000 дози вакцини, а се вакцинирани 27.365 граѓани, главно здравствени работници и лица постари од 80 години.

„Според најавите, следните недели се очекува да стигне испорака на вакцини преку Ковакс механизмот, во текот на наредните недели се очекува да стигнат и вакцините од кинескиот производител Синофарм, а наскоро ќе има испорака и на вакцини од производителот Фајзер, како и од рускиот производител Спутник. Вакцинацијата ќе продолжи согласно Националниот план за имунизација на населението“, е одговорот што го добивме од Министерството за здравство, без поконкретно да прецизираат кога поточно би пристигнале контингентите со вакцини.

Некои неофицијални информации до кои дојде Фактор велат дека министерот за здравство Венко Филипче веќе не сака да се врзува со рокови, поради фактот што веќе децидно најавени тајминзи, досега во неколку наврати беа пробиени. Така што, тој веќе најавил дека дури кога ќе се осигура дека полетал авионот со вакцините за земјава, тоа ќе биде и официјално најавено.

Прашавме во Министерството за здравство и кои вакцини први се очекува да стигнат, односно дали Фајзер, дали кинеските на Синофарм, или руските на Спутник, и дали можеме да добиеме прецизни одговори до каде е процесот на преговори со сите овие производители. Оттаму само велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за тоа кои вакцини и од кој производител ќе стигнат во нашата земја.

Се интересиравме и за тоа кои се пречките поради што доцнат вакцините, односно кои се новитедополнителни барања што постојано пристигнуваат од сите производители со кои земјава има склучено договори за набавка на вакцини, и што конкретно бара секој од производителите одделно.

ФИЛИПЧЕ: НАШАТА ЗЕМЈА ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ КРИТЕРИУМИ И ГИ ФИНАЛИЗИРАШЕ СИТЕ ДОКУМЕНТИ

„МЗ има потпишано договори со Синофарм, Спутник, Ковакс механизмот, и со Фајзер. Нашата земја ги исполни сите критериуми и ги финализираше сите документи, исто така ги следевме сите упатства и барања на производителите и го испочитувавме секој законски рок“, велат од Кабинетот на министерот Филипче.

А, додека се чека на вакцините, во јавноста се шират и бројни шпекулации меѓу граѓаните, меѓу кои и таа дека наводно, преговорите со Синофарм, која првично беше најизвесна и чии вакцини се очекуваше да стигнат многу порано, се во голема мерка изјаловени, па дури и целосно стопирани, па дека наводно било прашање дали од таму воопшто ќе добиеме вакцина.

Од Министерството за здравство овие шпекулации ги демантираат.

„Не се точни тие шпекулации. Нашата земја има склучен договор за 200.000 вакцини од Синофарм, кинески производител на вакцини против Ковид 19. Вакцините наскоро ќе пристигнат во нашата земја“, велат од Министерството за здравство.  

Она што не е јасно за јавноста овде е и зошто се уште ги нема Ковакс вакцините во земјава, кои се наменети токму за посиромашните земји.

„Овие вакцини очекуваме да ги добиеме во периодот на следните неколку недели“, е одговорот од ресорот за здравство.

ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ВАКЦИНИ СЕ ИЗВЕДУВА СО АЛГОРИТАМ

Прашавме и зошто во другите соседни земји, на пример во Албанија, а да не зборуваме за Србија, пристигнаа поголеми количества вакцини, а кај нас се уште нема. Добивме одговор кој според нас, не ги појаснува многу работите.

„Распределбата е сложена процедура, која бара дистрибуција на повеќе вакцини за 190 земји учесници. Се изведува со алгоритам кој ја оптимизира распределбата на вакцините за три конкурентни цели: еднаквост на дозите добиени пропорционално на популацијата, совпаѓање помеѓу производот и претпочитањето на учесникот и конзистентноста на примениот производ - со цел да се распредели единствен производ кога е можно. Земјите се разгледуваат според бројот на случаи, стапката на смртност на случаите, стапката на инфекција кај здравствените работници, подготвеноста на здравствениот систем и дали земјата почнала со вакцинација“, се вели во дописот од Министерството за здравство.

А вчера преку СЗО стигна информација дека земјава ќе добие 100.800 вакцини преку Ковакс механизмот, при што временските рамки за тоа кога ќе стигнат овие вакцини, ќе бидат објавени во наредните денови.

Но, со оглед на суспендирањето на вакцинирањето со АстраЗенека дури од половина земји на ЕУ, го прашавме МЗ, доколку првите дози што ќе ги добиеме ќе бидат од таа вакцина, дали ќе одобрат вакцинирање на нашите граѓани со неа, со оглед на смртните случаи кои се појавија во некои земји, за кои утре европскиот регулатор ЕМА треба да заземе дециден став.

„Нашата земја ќе ги следи насоките и препораките на Европската медицинска агенција и СЗО, и ќе постапува согласно новите препораки во однос на апликација на оваа вакцина“, велат од здравство.

А, од вакцината Џонсон и Џонсон оваа година нема да добиеме ниту една доза. Министерството за здравство, како што велат оттаму, имало состанок со компанијата „Јансен“, производител на Џонсон и Џонсон вакцината, на кој производителот ги информирал нашите здравствени власти дека нема да бидат во можност во текот на 2021 година да испорачаат вакцини за нашата земја.

„Производителот, исто така, ни посочи дека би поддржале трипартитни договори на нашата земја со други големи држави кои го финансираат производството на нивната вакцина“, се вели во одговорот што го добивме.

Останува неизвесноста, кога македонските граѓани помасовно ќе застанат во ред пред здравствените пунктови каде ќе се одвива процесот на имунизација од, како што ја нарекуваат, најголемата планетарна пандемија во последниот век.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија