Филипче: Има еден починат и 67 позитивни пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека имаме нови 67 позитивни пациенти.
Има и 25 оздравени и еден починат, соопшти министерот за состојбата во последните 24 часа.
„Во Штип се затворени шесте конфекции, и во следните денови ќе се тестираат околу 600 вработени“, вели Филипче.
Во Тетово се издадени 8 решенија за позитивни, и има информации за еден нов кластер, во еден правен субјект. Планирани се 150 тестирања да се направат таму.
Ќе бидат тестирани и полицајци кои биле на јужната граница, наши и странски.
„Игнорирањето на вирусот нема да помогне во оваа состојба. Граѓаните кои се одговорни, и кои доследно се придржуваат за овие мерки треба да бидат пример за сите останати“, рече министерот.
Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите, но одлука ќе се носи во текот на следните денови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.