Филипче кажа кога ќе стигнат вакцините од Астразенека и кинеските
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата 24 Анализа со доза на воздржаност најави дека очекува вакцините од АстраЗенека да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.
За ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања. Во врска со антителата, министерот рече дека сме во ситуација каде бројни испитувања точно да се утврди како и на кој начин ќе се вакцинираат луѓето кои прележале ковид, дали со една доза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.