Филипче: Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Март, 2021
Будно следиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за вакцините при гостување во емисијата Топ Тема на Телма.
„Немам проблем да се вакцинирам со која било вакцина. Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека“, изјави Филипче.
По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд да ја прекинат вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, Германија и Франција соопштија дека ќе продолжат да ја користат оваа вакцина на британско-шведскиот производител.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.