ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го посети гробот на првиот преседател на Македонија, Киро Глигоров, и му оддаде почест на неговиот лик и дело.
„Длабока почит за ликот и делото на првиот претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1 на државотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата“, порача Филипче.
Заедно со Филипче беа ќерката на Глигоров, Донка Глигорова, и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.