ВРТОГЛАВИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА ЈА ВИВНА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НАД 800 МИЛИОНИ ЕВРА - акционерите тријат раце, тие сега се навистина богати
Објавено во: Финансии 05 Јули, 2024 13:34
Комерцијална банка сега вреди над 800 милиони евра. Односно, толку тежела најголемата македонска банка на крајот на јуни, а сега и нешто повеќе. Да, добро прочитавте, над 800 милиони евра.
Причина за ова е вртоглавиот раст на цената на таа акција, кој се случуваше особено во јуни, а продолжи и во првите неколку дена од јули, и ќе видиме како оваа приказна ќе се развива во натамошниот период.
А, само за потсетување, како што веќе пишуваше Фактор, пазарната капитализација на Комерцијална банка пред еден месец, односно на крајот на мај, изнесуваше 673 милиони евра. Ако таа на крајот на јуни изнесува 804 милиони евра, тоа значи дека само за еден месец има раст од 131 милион евра.
Или, просто кажано, ако доколку сте сакале да ги купите одеднаш сите акции на Комерцијална банка, на крајот на мај требало да платите 673 милиони евра, а, на крајот на јуни за тоа би требало да одвоите 131 милиони евра повеќе.
Овие податоци може да се видат од берзанскиот билтен за шестиот месец од годинава, кој вчера го објави Берзата.
Тој говори дека на крајот на мај една акција на Комерцијална банка се продавала за 21.700 денари за акција, што е раст за близу 20 отсто во однос на претходниот месец, или прецизно за 19,5 проценти.
Со овој раст Комерцијална банка е трета по ред најбрзорастечка акција за јуни годинава, после РЖ Техничка контрола од Скопје и Мермерен комбинат од Прилеп, мкои имаат месечен раст од 36 и 24 отсто соодветно.
А, за илустрација дека цената на акциите на банката и натаму продолжува да расте, говори фактот што таа вчера затвори на над 22 илјади денари, или прецизно 22.180 денари.
Фактор веќе истражуваше кои се причините за големиот раст на цената на акциите.
Тогаш ја поставивме следнава дилема. Точно е дека банката е екстра профитабилна, најголема банка во земјава, точно е дека дели одлични дивиденди, како и дека има доста разновидна и недефинирана сопственичка структура, што секогаш е мотив повеќе кај вложувачите, но сепак, се интересиравме кај наши извори во банката, дали има нешто што пошироката јавност можеби не го знае, некоја можна зделка или друг тригер, кој направи инвеститорите буквално да „полудат“ по акции на Комерцијална банка.
Наши извори во банката велат дека нема некоја сериозна информација која би можела да го предизвика овој раст на цената.
„Се што имаме како новина, транспарентно го објавуваме на Берзата“, велат за Фактор извори од Комерцијална банка.
Инаку, на второ место по пазарна капитализација е „Телеком“, која на крајот на јуни изнесувала близу 655 милиони евра.НЛБ Банка има 540 милиони евра, фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ достигна близу 480 милиони евра, додека пак Стопанска банка Скопје има 443 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





