05 Декември, 2025
0.3238

Филипче: Не го знаеме датумот за разлабавување на мерките

Објавено во: Македонија 19 Април, 2020 14:38

Добивај вести на Viber

Венко Филип,е министерот за здравство, во денешниот видео-разговор за Дојче Веле рече дека Владата размислува за ослабнување на мерките за движење по 1 мај, но дека ќе останат препораките за физичко дистанцирање уште подолго време.

- Имавме интересен состанок со СЗО пред два дена со 150 учесници. Според искуствата од разни земји, сите се на истиот став дека нема животот со иста динамика да се враќа во нормала. Членови на Комисијата за заразни болести ќе работат со економски оператори и фабрики за да се види како ќе се организира работата кај нив, како и во рестораните и во јавниот превоз. Во постепената нормализација ќе треба да се почитува физичката дистанца. Само да немаме нов пик на пациенти, што не е исклучено ако не се почитуваат рестрикциите до почетокот на следната година кога се очекува да се пронајде вакцината, рече Филипче.

Мерките ќе се укинуваат постепено, ќе се скрати полицискиот час Седната недела ќе водиме дискусии за тоа. Имаме план, но не го знаеме се уште датумот. Знаеме дека е тешко да се седи дома, но апелирам да се издржи, повикува министерот.

- Бројката на заболени не е дефинитивна и не може да остане иста. Немаме број на асимптоматски случаи на скриени носители на вирисуот, тоа ќе се открие кога ќе преминеме на фазата на колективен имунитет. Во месеците кои што се пред нас од исклучително значење ќе биде симнувањето на мобилната апликација. Секоја земја има посебна стратегија за тоа.  Коефициентот на заразување е 1,1.  10-мина во нашата земја во моментов. заразуваат нешто помаку од 11 луѓе. Тоа нашиот здравствен систем може да го амортизира. Очекувам на есен да има нова бројка на заразени, но важно е таканаречената крива да се растегне и да не се оптовари здравствениот систем, вели тој.

Филипче тврди дека секојдневно се анализираат новите случаи и се дискутираат наредните мерки што сака  Владата да ги донесе. Смета дека нема потреба Куманово да влезе во карантин.

- Комисијата за заразни болести е составена од врвни стручњаци. Во таа смисла Дебар беше специфичен регион, лесно се ограничува движењето, влезот и излезот, а тогаш и немаше толку строги мерки на ниво на цела држава. Дополнителна мерка сега нема апсолутно никаква епидемиолошка издржаност. Огромен број на жители на тој град одат на работа во други места, пред се во околината на Скопје. Ние сега немаме еден изолиран регион, туку вирусот е насекаде низ Македонија, додава Филипче.




* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија