Филипче: Нови 175 случаи, во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа има 175 нови случаи на заразени од коронавирусот, при што најголем дел се од Скопје.
Воедно има и 18 оздравени, а 5 пациенти се починати.
Во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави.
Има и заразени во штипските конфекции.
„Состојбата во Штип и Скопје постепено се смирува, останува Скопје, особено Чаир. Се уште се евидентираат непочитувања на мерката за самоизолација и групирања“, рече министерот.
Од почетокот на епидемијата има над 3.500 потврдени случаи.Вели дека животот мора да продолжи, и мора да се штитиме себеси и другите околу нас.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.