Филипче: Границите остануваат отворени додека не се добијат информации за епидемиолошката слика од соседите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јули, 2020
Комисијата за заразни болести претпладнево имала комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со корона вирусот во целиот регион.
Ова од Охрид денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
„Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји. Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот“, потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.