Филипче откри како ќе гласаме
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Медицински лица ќе асистираат при гласањето на заразените од вирусот, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Вели дека заштитната опрема го сведува ризикот од зараза на минимум.
„И за тоа има протоколи во однос на користењето маски и заштитни ракавици. Тоа е процес којшто е безбеден и ако има потреба тоа да биде во домашни услови ќе стоиме на располагање да дадеме дел од медицинскиот кадар од локалните центри за јавно здравје со цел тие протоколи добро да се спроведат и да не се доведе било кој учесник во избирачкиот процес во ризик. Во таа смисла и трансмисијата преку предметите како пенкала, хартија, со редовна дезинфекција апсолутно се сведува ризикот од пренос на болеста на минум“, рече Филипче.
Избори ќе имаме на 15 јули. Денеска е постигнат договор.
Овој датум е прифатлив за партиите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.