Филипче: По празниците ќе се вакцинираат над 10.000 граѓани на ден
Објавено во: Македонија 29 Април, 2021
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска пред медиумите рече дека по празниците ќе започне имунизирање на населението против Ковид-19 со можност на ден над 10.000 граѓани да ја примат вакцината.
Утре треба да пристигнат 200.000 дози на кинеската вакцина „Синофарм“ по што ќе се отворат вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово. По празниците е планирана масовна имунизација на населението, покрај во Скопје и во вакциналните пунктови во уште шест градови во земјата.
- Со отворањето на вакциналните пунктови во другите градови, ќе може над 10.000 граѓани да се вакцинираат на ден без да има никакви гужви. До сега се вакцинирани вкупно 60.000 граѓани, рече Филипче.
Во моментов во Македонија околу 200.000 граѓани се пријавени за вакцинирање. Министерот присуствуваше на прием на донација од Словачка на четири респиратори за Универзитетската клиника за детски болести.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.