ФИЛИПЧЕ: Помалку се потврдени поради помалиот број тестови, пикот ќе биде на крајот на април, почетокот на мај
Објавено во: Македонија 21 Април, 2020
Намалениот број на дијагностицирани пациенти оваа недела можеби се случи поради намалениот број на тестови, заради празниците, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Минатата недела, пак, имаше голем број дијагностицирани пациенти.
„Затоа сметаме дека не сме влезени во период во кој можеме да кажеме дека пикот е поминат. Треба да поминат повеќе денови за бројот на случаи да се намали. Стоиме на прогнозата дека пикот ќе биде крајот на април или почетокот на мај“, рече Филипче.
За случајот во Гевгелија, Филипче вели дека секое прекршување на мерките мора да се санкционира.
Во однос на респираторите, две компании можеа да ги исполнат условите. Оваа недела ги очекуваме првите шест респиратори. Плус 25 респиратори треба да стигнат за 30 дена. Но и во овој момент имаме доволно репиратори, вели Филипче.
Инаку, болеста е релативно нова, па тешко е да се каже колку некој пациент може да биде носител на болеста.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.