Филипче: Повеќето нови заразени се од познати кластери
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа има 89 нови случаи на позитивни на коронавирусот.
Има 17 оздравени и 7 починати од Ковид -19. Филипче вели дека имаме 2.315 дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјата, а 606 се активни случаи.
„Нема пациенти на механичка вентилација“, рече министерот.
Утринава на Комисијата за заразни болести се анализирани податоците за две недели.
„Поголем дел се со лесна клиничка слика, кои можат да се лекуваат во домашни услови или еден сосема добар дел се асимптоматски случаи. Добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем, добро ќе се справи со овој бран“, изјави Филипче.
Вели дека повеќето нови заразени се од познати кластери од Чаир и Сарај.
Се анкетираат луѓе во Студеничани и за нив утре ќе има податоци.
Mинистерот се пожали на слаба соработка со граѓаните.
Филипче кажа дека се размислува за рестриктивни мерки, но тие би се спровеле локално.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.