ФИЛИПЧЕ СЕ ПОКАЈА: Немаше да препорачаме отворање на кафеаните да знаевме дека веднаш ќе се прават забави
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Скандалозните
фотографии од скопските кафеани каде синоќа се правеле забави, беа причина,
министерот за здравство Венко Филипче, да изрази каење за нивното отворање на
денешната преск-конференција. Наместо почитување на препораките, во дел од
кафеаните, гостите без маски, со групирање, без почитување на задолжителното
растојание си правеле забави.
-Да знаевме дека ова ќе се случи веднаш, на првиот ден од отворањето на кафеаните, Комисијата за заразни болести немаше да даде препорака повторно да започнат со работа, истакна министерот.
Тој побара од Министерството за внатрешни работу поинтензивно да работи на терен и да ги казнува прекршителите.
- Овој систем нема да успее ако било кој потфрли во работата. Еве сега, слободни се капацитетите на Министерството за внатрешни работи, нема веќе полициски час, јас искрено верувам многу поинтензивно ќе биде на терен. Мислам дека такви слики како вчера не треба да гледаме, ниту да сме сведоци на такви сценарија во тукушто отворените угостителски објекти. Тоа не беше суштината. Да знаевме дека ќе биде така, немаше да дадеме препорака да се отворат. А ние мораме да го вратиме животот во нормала, мора секој да даде максимално се од себе, како што дадоа здравствените работници, потенцираше министерот Филипче на прес-конференцијата. “, рече Филипче. |
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.