Филипче: Се расчисти административната процедура, сега разговараме кога треба да пристигне кинеската вакцина
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител изјави дека се надминати сите проблеми со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.
„Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш. Но сега, навистина не знам, очекувам информација“, рече Филипче.
Вели дека не сака да се обврзува со рокови кога тие би пристигнале во Македонија. Објасни дека за разлика од КОВАКС и Фајзер, оваа количина треба да пристигне наеднаш.
Наскоро треба да стигнат и руските вакцини во земјава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.