Филипче: Утре ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
Во последните 24 часа се направени 702 тестови и регистрирани нови 127 заразени, изјави денеска на прес - конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Починати се три лица, едно лице од Куманово, и двајца починати од Скопје, од Чаир и Сарај.Филипче рече дека е подобрена соработката со граѓаните, а многу од новите случаи се со лесна клиничка слика или се без симптоми.
90 отсто во Скопје паѓаат во 41 кластер, како што објасни министерот. Повеќето луѓе се заразени пред две седмици.
Ако се гледа за седум дена, жариштата се задржани, и нема ширење надвор од нив.
Утре ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.
Филипче рече дека непочитувањето на мерките доведе до вториот бран на заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.