ФИЛИПЧЕ ЗА НОВОЗАБОЛЕНИТЕ: Имало еден период кога не биле свесни и кога циркулирале низ градот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Имало еден период кога не биле свесни и кога циркулирале низ градот Скопје, вели министерот за здравство, Венко Филипче за големиот број заразени со коронавирусот.
Вели дека сега надлежните преземаат мерки за да дополнително не се рашири вирусот.
Филипче рече дека 90 отсто или немале симптоми, или имале лесни симптоми.
Тој смета дека кон крајот на идната недела ќе се промени состојбата.
Според Филипче, одлуката за карантин е оправдана.
„Во Чаир и во Бутел се најголемиот број на позитивни асимптоматски случаи“, вели Филипче.
Денес е соопштено за нови 180 заболени, и 2 починати.
Вели дека не треба да се брза со прогласување на крај на епидемијата, како то направија одредени земји, а потоа се појавија нови заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.