ФИЛИПЧЕ ЗА ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ: Покажа одговорност кон состојбата во земјата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека го радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.
Филипче додаде дека неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е тука се значајни за подигање на свеста кај граѓаните.
„Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата. Сметам дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот. Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба“, порача Филипче.
Неговиот претходник, Сулејман Реџепи пред да биде разрешен, изјави дека го прогласува вирусот за мртов.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.