05 Декември, 2025
0.0698

Администрацијата на Обама контра Федералните резерви – кој е во право за економијата на САД?

Објавено во: Анализа 13 Ноември, 2013 09:03

Добивај вести на Viber

Во последните неколку дена Министерството за финансии и Федералните резерви(FED) изразија сосема различни ставови во врска со економијата, ставови кои би можеле да ја комплицираат не само политика, но, исто така да внесат немир и кај раководството на централната банка. Во време кога Банката на федерални резерви е оладена околу економските перспективи, Сет Карпентер од министерството за финансии испрати шокантно соопштение за тоа колку енергичен станал растот. Заменикот секретар за економски прашања тврди дека опоравувањето е водено од растот во приватниот сектор и создавањето на нови работни места. Карпентер додава дека 7,6 милиони работни места од крајот на големата рецесија во 2009 кога имаше пад на 86 отсто од работните места и се пофали дека буџетскиот дефицит бил на половина ниво во споредба со бруто домашниот производ. Домувањето, вели тој е значително подобрено во текот на изминатите години, додека одговорноста за забавеното темпо  на опоравувањето  ја пoсочи на на друго место.
Голем број на економски пречки, од кои поголемиот дел не се под наша дирекна контрола ја движеа наназад нашата економија во изминатите четири години. Такви се на пример земјотресот во Јапонија и цунамито во 2011та, еконосмката криза во Европа и други, вели Карпентер. Неодамна пак долгиот ќорсокак во кои бевме забележува раст и нови вработувања на почетокот на четвртиот квартал, вели Карпентер.
Во неодамнешното соопштение, централната банка и нејзиниот Комитет за отворени пазари го оквалификува економскиот раст како умерен. Тие велат дека процентот на невработеност од 7,2 проценти се уште е висок додека секторот за домување има назадувања во одредени делови. Ваквите тврдења имаат и видливи ефекти: Изненадувањето на федералните резерви на пазарот во Септември кога одлучи против купувањето на месечни обврзници во вредност од 85 билиони долари со цел да почекаат извесно време за да стане очигледен напредокот и тој да биде одржлив пред да го прилагодат темпото за купување. Федералните резерви исто така немаат ќар од каматните стапки, поради што ги задржуваат своите краткорочни цели на ниво на нула додека ја прошируваат билансната состојба на близу 1 трилион долари годишно како темпо. Усогласувањето на овие две гледишта станува многу важно со оглед на тоа дека од Конгресот се бара одобрување на Претседателот на федералните резерви Бен Бернанке за сукцесор. Претседателот Обама го номинираше Претседателот на федералните резерви на Сан Франциско Џенет Јелен нас оваа позиција и потврди негово гласање за 14ти Ноември, но критичарите на работата со федералните резерви и посебно Републиканците, се загрижени дека ефтините пари и рекордните ниво на ликвидност би можеле да создадат негативни последици. Серијата на економски извештаи кои се очекуваат оваа недела несомнено ќе бидат дел од дебатата, но и со одѕвонувањето на БДП на импресивни 2,8 проценти во третиот квартал. К. К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени