Финансиска полиција: Стечајот е лажен, ТЕ-ТО испрал над 100 милиони евра руски пари
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2019
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за неколкумина менаџери, нотарката и стечајниот во случај поврзан со гасната централа ТЕ-ТО. Пријавите се за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. Случајот кој денеска е облоденот ги потврдува наодите на доверители кои упорно тврдеа дека ТЕ-ТО предизвикал лажен стечај со незаконски дејства. Финансискат аполиција потврди дека на ваков начин на Топлификација и е нанесена штета од над 720 милиони денари.
Даниела Велковска од Управата за финансиска полиција соопшти дека е поднесена кривична пријава против В.М.претседател на УО на ТЕ-ТО кој во текот на 2018 со пречекорување на границите на своето службено овластување без одлука на Управниот одбор, Надзорниот одбор или Акцениорското собрание спортивно на член 31 став 5 од Статутот и повеќе членови од Закон за трговски друштва неовластено склучил анекси на договори за заем, нотарски договори и поднел барање за отворање на стечајна постапка со план за реорганизација на ТЕ-ТО. На таков начин предизвикал несолвентност на фирмата кон доверителите со блокирање на сметката и на движниот и недвижниот имот и отварање на стечајна постапка.
Велковска соопшти дека второпријавената С.Т. во својство на надлежен стечаен судија со неизвршување на својата должност, без да го утврди ограничувањето во Статутот на првопријавениот В.М. донела решение со кое предлогот за отворање стечајна постапка со план за реорганизација се усвојува.
Третпријавената С.С. нотар со неизвршување на својата должност, спротивно на Законот за нотаријат, без да го утврди ограничувањето во Статутот на првопријавениот В.М. нотарски заверила анекси на договори и нотарски договори.
„Со горенаведените инкриминирани поведенија, пријавените овозможиле ТЕ-ТО да се стекне со противправна имотна корист преку стечај и неможност да ги плати обврските по правосилна судска пресуда со што и нанеле штета на акционер доверител Топлификација АД од 721.683.587 денари. Заради постоење на основи за сомнение злупотреба на службена положба и лажен стечај, а поради постоење на финансиски транскациии кон ТЕ-ТО во износ 7 милијарди 264 милиони 250 илјади денари кои потекнуваат од кривични равни настани за кои се водат истраги од Руска федерација, а се вложени во изградба на производствен процес за производство на електрична енергија, постои основно сомнение за сторено кривично дело перење пари, изјави Велковска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.