20 Декември, 2025
0.0393

ФИНАНСИСКИ СТРЕС: Погодени се многу луѓе, го „разорува“ здравјето

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2024 07:42

Добивај вести на Viber

Психијатрите и психолозите велат дека поради финансиски стрес, кај луѓето можат да се јават анксиозност, депресија, па дури и самоубиствени мисли и нагони.

Сите луѓе различно го прифаќаат стресот, така што некој ќе се пасивизира, а други ќе се активираат за да најдат начин да заработат за живот.

„Финансискиот стрес, дали е поради губење на работа, губење на опстанок, ако нема од што да се живее, предизвикува чувство на несигурност, загрозување на сигурноста и оттука сите други стресови кои си носат последици. Може психосоматски проблеми да се јават, имаме и ситуации кога луѓето си го одземаат и животот. Во однос на категоријата коцкари и тие обично се под стрес. Го губат контактот со околината, со блиските, се јавува несоница, анксиозност, конфликти, намалена концентрација и помнење. Секој на различен начин го поднесува стресот, а кај некого ќе поттикне начин на изнаоѓање на нови можности, учење нови вештини“, вели психологот и психотерапевт Радмила Манчевска.

Граѓаните велат дека во одреден период од животот се соочиле со финансиски стрес.

„Како нема да влијае, кога нешто сакаш да си купиш, а немаш пари? Сум била порано под таков стрес. Сега немам таков проблем. Има таква категорија на луѓе, едноставно не се свои, се стискаат“, вели Нада Петревска, граѓанка.

Друга граѓанка објаснува дека во нашево општество има  многу луѓе кои се соочуваат со финансиски проблеми.

„Што се однесува до мене, јас немам таков проблем, но има многу луѓе со такви проблеми. Кога ќе поразговараат тие луѓе се опуштаат, но се забележува дека се под стрес. Сите болести се јавуваат поради стресови“, вели Мира Зафровска, граѓанка.

Луѓето велат дека стресот е непријател број еден на луѓето.

„Секако дека стресот може да предизвика болести кај луѓето. Има луѓе кои се слаби со финансии и секако дека се загрижени ако прво немаат да си купат лекови. Со тоа и здравјето се влошува“, додава Живка Златковска, граѓанка.

Финансискиот е најсилниот стрес што го погодува современиот човек, покажува британско истражување. Истражувањето е направено со 5.000 луѓе на возраст од 50 и повеќе години и покажало дека меѓу испитуваните стресни фактори, како што се тешка загуба, инвалидитет, болест и развод, финансискиот стрес се издвојува како најштетен. Научниците од Колеџот во Лондон и Универзитетот „Кинг“ ја истражувале врската помеѓу хроничниот стрес и здравствените индикатори кај постарите групи на населението. Испитувајќи четири биомаркери: кортизол, Ц-реактивен протеин, фибриноген и инсулин фактор на раст-1, истражувањето покажало дека финансиските проблеми ги зголемуваат шансите за 60 отсто испитаниците да имаат здравствени профили со висок ризик во рок од четири години. Финансискиот стрес најмногу му штети на биолошкото здравје.Тој води до семејни конфликти, социјална исклученост, глад или бездомништво.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/user1236986

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки