Финска сепак ја суспендира вакцината АстраЗенека
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Март, 2021
Вакцината АстраЗенека е суспендирана во Финска. Земјата нема да продолжи да ја користи вакцината АстраЗенека, иако повеќе европски земји ќе продолжат по препорака на Светската здравстена организација(СЗО).
Институтот соопштил дека проценува дека истрагата ќе трае најмалку една недела, објави Ројтерс. На почетокот на оваа недела, тие објавија дека добиле извештаи за случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со АстраЗенека во Финска. Данска, Норвешка и Шведска денеска објавија дека им треба повеќе време за да одлучат за повторна употреба на вакцината, иако европскиот регулатор вчера процени дека придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици.
Италија, Франција, Германија, Шпанија, Словенија и Бугарија објавија дека ќе продолжат имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.