10 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПРВА: Фирма на „Еколог“ со најбрзо добиен тендер од висока вредност во 2024
Објавено во: Економија 30 Септември, 2025 07:50
Тендерот за изградба на нов стадион во Тетово што го доби фирма-ќерка на „Еколог“ е еден од најбрзодобиените договори со висока вредност што една компанија ги добила, а при тоа за прв пат учествувала во јавните набавки.
Во објавениот red flag извештај на Бирото за јавни набавки за добиените тендери во текот на минатата година, издвоено е дека Е-Проперти, фирма-ќерка основана од „Еколог“, од ЈП јавен превоз Тетово Транспорт е избрана на тендер со вредност од безмалку 10 милиони евра (599 милиони денари). При тоа откако Е-Проперти за помалку од два месеци претходно се регистрирала во системот за јавни набавки. Фирмата на Лазим Дестани се регистрирала во системот на јавни набавки на истекот на 2023, а веќе на 23 јануари 2024 учествувала во јавното отворање на понудите за „изградба и реконструкција на спортски објекти“.
Потоа, на 18 март 2024 година, ЈП „Тетово Транспорт“ склучи договор со компанијата „Е-Проперти“ од истоимениот град за изградба и реконструкција на градскиот стадион, спортски центар и фудбалско игралиште.
Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, рокот за кој треба да бидат завршени градежните работи е за три години. Како што објавија од општина Тетово, по тој рок ќе и бидат исплатени парите на компанијата. Во 2016 година, медиумите објавија дека сопственикот на ФК Шкендија, Лазим Дестани,кој воедно е и газда на „Еколог интернешнл,“ го зеде градскиот стадион под концесија со одлука на Советот на општина Тетово. Во јули 2016, со одлука на Советот на Општина Тетово, стадионот е даден под концесија на фирмата „Еколог“, која е сопственик на ФК Шкендија и која се обврза да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Но, и покрај ова, Градскиот стадион пропаѓаше бидејќи никој не се грижеше за него, а од ветената инвестиција речиси ништо не беше реализирано.
Претходната влада на седница лани во мај донесе одлука за запирање на изградбата на стадионот во Тетово поради сомнеж за неправилности, но градоначалникот Биљал Касами немаше намера да послуша. Од Владата побараа да се разгледаат и правните основи за покренување на соодветна кривична пријава до надлежните органи поради незаконитости при изградбата на стадионот од Тетово.Останатите склучени тендери со висока вредност на тукушто регистрирани учесници во системот на јавни набавки во текот на минатата година се главно со интернационални компании. На прво место е проектот „Смарт Аеродром“ кој Општина Аеродром го договори со Кресцент-Смартсити за 11 милиони евра. Понатаму следуваат набавките на ВЛТ-апарати од АД Државна Лотарија со „Синот“ и „Pate Play Tech“ за 219, односно 134 милиони денари. АД ЕСМ купила транспортни ленти за јаглен за РЕК Битола од Epbelt од Лозница за 282 милиони денари. Транспортното железничко претпријатие четирите електрични локомотиви од Srbija Kargo ги изнајмила за 35 милиони денари.
Овие компании, исто како Е-Проперти, воопшто претходно не учествувале во тендерски постапки, а договорите ги добиле веднаш откако покажале интерес.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




