ФИРМИТЕ СО ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА - вработените да не патуваат во странство или ако патуваат да седат во самоизолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2020 12:23
Дел од компаниите во земјава, според сознанија на Фактор, преземаат свои интерни мерки, со кои вработените во нив би се заштитиле од евентуално натамошно ширење на коронавирусот.
Фактор нема да ги спомене имињата на компаниите.
Па така, во една компанија што работи во главниот град на земјава, им наложиле на своите вработени, доколку патуваат во странство, и тоа било каде, потоа да седат дома во самоизилација во период од две недели.
Во една друга фирма, пак, како што дознаваме, на вработените, покрај во Италија, им било дадено известување дека не треба да патуваат во Грција, каде што вирусот забрзано се шири.
Имено, како што пишуваше Фактор, од грчкото министерство за здравство потврдиле пет нови регистрирани случаи позитивни на корона вирусот со што вкупниот број на заразени од КОВИД-19 е 89 лица. Здравствените претставници на Грција информираа и дека во критична состојба е едно лице чија состојба деновиве се влошила а кое се наоѓа на интензивна нега во градот Патра. Имено, во Грција се затворени над 80 училишта ширум целата земја, превентивно со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Според информациите, во една од компаниите во земјава од вработените било побарано да потпишат изјава во која би навеле дека во последниов период не патувале во странство, како и дека не биле во контакт со лице кое пријавило симптоми на коронавирусот или спаѓа во категоријата на сомнителни лица, или дека на било каков начин се поврзани со такви лица.
Таскви известувања можат да се забележат и во некои салони за убавина.
„Почитувани доколку сте патувале во некоја од ризичните земји или сте биле во контакт со луѓе што биле во истите или имате било какви симптоми на настинка, ве замолувам да не го посетувате салонот за општо добро и самосвест“, напишале на фексбук страницата во еден од скопските салони.
Досега во земјава се регистрирани седум позитивни лица на коронавирусот. Владата денеска ќе ги разгледува опциите за евентуално воведување нови поригорозни мерки за превенција.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а нивните предлози ќе ги испратат до Владата која ќе ги разгледува не денешната седница. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а како што соопштија од Министерството за здравство, на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.
Засега, препораките се да не се одржуваат јавни собири, спортските натпревари да се играат без публика и да не се патува без потреба во земјите каде што има коронавирус, но сите се на ниво на апел. Советот на општината Дебар, пак, побара да се прекине училишната настава на неопределено време, а Владата да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





