Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години
Објавено во: Економија 02 Декември, 2024 10:03
Фискалниот совет, државна институција чиј основач е Собранието, по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до законодавниот дом достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години.
Засега единствено на ова реагира Левица,од каде велат дека доколку власта посегне по ваква пензиска политика, неминовно од македонските работници ќе создаде слуги и го повикуваат Фискалниот совет да го преиспита своето мислење.
„Левица, остро и недвосмислено се спротивставува на мислењето на Фискалниот совет во врска со Фискалната стратегија (2025-2029). Македонија е социјална држава и нема да дозволиме ниту една институција или пак Владата предводена од ДПМНЕ или било која друга, од македонскиот работник да создаде робови на нивните капитали. Дрскоста на партиските паразити ухлебени во државните институции нема да го спречи народниот револт да ги исфрли од истите“,реагира Левица.
Академик Абдулменаф Беџети, професорката од Економски факултет Мирјана Трпеска, како и долгогодишниот банкар и професор Глигор Бишев, сечленови на Фискалниот совет кој мониторира како власта го крои буџетот и менаџира со јавниот долг на државата, и укажува дали тоа е добро или лошо за фискалната одржливост на државата.
Ова тело одамна беше заговарано, најмногу од странскиот фактор, а беше формирано лани со цел да биде еден вид контролен механизам на секоја една власт против високи буџетски дефицити и нивоа на јавен долг.
Членовите на Фискалниот совет, како што и беше предвидено, ги предложија три институции, и тоа Македонската академија на науките и уметностите, потоа Државниот завод за ревизија, како и Народната банка на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




