Фитнес-зоните кои ќе никнат во паркови ширум земјава ќе лапнат 650.000 евра од буџетот
Објавено во: Економија 31 Март, 2016 11:51
Агенцијата за млади и спорт распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе постави спортска опрема на отворено, во парковите низ земјава, во насока на реализација на новиот проект на АМС за изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација.
Предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите.
Фитнес-зоните ќе се поставуваат во парковите и други јавни површини во вкупно 20 општини во земјава, за што од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедени околу 40 милиони денари. Изградбата се очекува да започне наесен.
Ова е еден од новите проекти на Агенцијата за млади и спорт и претставува продолжение на капиталните проекти за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава. Покрај спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, во следниот период Агенцијата за млади и спорт предвидува нови проекти за изградба на фитнес-зони, 150 игралишта за “street basket”, отворени и затворени пливачки базени како и нови скејт паркови за љубителите на адреналинските спортови.
Според огласот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, се проценува дека за оваа намена од државниот буџет ќе се потрошат околу 650.000 евра а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




