06 Мај, 2024
0.0230

ФИТР за прв пат инвестира во 4 компании за развој на дигитализација на земјоделството

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Проектот: „FIELLDTEQ - дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација” на скопската компанија 8ТЕК, АгФутура Технологии со проектот „Центар за дигитално земјоделство”, Агродидаем Технологија - Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко” и Дрон Опс од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика” се четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство.

„Во изминатите месеци континуирано работиме на креирање на ново протфолио, со инвестиции кои се потесно насочени кон одредени сектори кои се од од голема важност за развој на македонската економија. Глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе продолжиме да инвестираме на тоа поле и во иднина. Овие домашни стартапи понудија иновативни решенија чијашто имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство и автоматски врз зголемувањето на приходите на земјоделците. Програмите кои ги креираме во Фондот, од повик до повик покажуваат дека сме на добар пат да го трансформираме македонскиот стартап еко систем “, посочи Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Вкупниот буџетот за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1, 5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот а рок за реализација на проектите е 12 месеци.

Поддржаните компании ќе добијат и менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на иновациите од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

На предизвикот кој беше отворен од 16.03 до 16.04.2021год. се пријавија вкупно 38 компании. Листата на компании кои се добитници на грант е достапна на: https://fitr.mk/wp-content/uploads/2021/06/Digitalization-of-Agriculture-2.pdf


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години