20 Декември, 2025
0.0583

Флекенштајн: Никој во ЕУ, дури ниту во европската партија на Груевски не ја поддржува нивната политика

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017 16:30

Добивај вести на Viber

Пратеникот од редовите на европските социјал-демократи во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, денеска на дебата „Кризата на демократијата на Западните Балкани“, како дел од тројката европратеници што посредува за смирување на политичките тензии во Македонија, но и гласноговорник на социјал-демократските ставови во Европарламентот, порача дека е разочаран од случувањата во македонската држава. 

Сепак, германскиот социјал-демократ, кој побара и санкции за индивидуални лица од Македонија, порача дека Европската унија треба „најпрво да се обиде со демократија“ во однос на разрешување на долготрајната македонска политичка криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Да, разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од оваа состојба. Одговорот е да пробаме со демократијата. По изборите, ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада. А, ако тоа не функционира, тогаш ќе сугерирам да се гласа за другите следниот пат. Како што знаете, ВМРО не сака да се тргне. Затоа, јас мислам дека гласачите треба да знаат дека никој во ЕУ, дури ниту во европската партија на Груевски не ја поддржува таа политика. Гласачите треба да слушнат дека ова не е прашање за лево или десно, туку е прашање за демократија. Знам дека е сензитивно прашање за некои личности, но ние гледаме паралелно за тоа дали заедничко решение е можно. Но, на крајот е јасно, гласачите избраа и тие што се собраа треба да имаат шанса - порача Флекенштајн.

На денешната дебата во Европскиот парламент во Брисел, кусо учествуваше и европратеникот од Европската народна партија (ЕПП), Едвард Кукан, кој ја осуди „поларизираната реторика од некои ЕУ-земји на Балканот“ и порача дека и Унијата треба нешто да му испорача на Балканот, а не само да бара.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки