09 Октомври, 2024
0.0262

ФОКУС НА ДЕНОТ: „Исчистени“ компјутери, a Јанева добила боледување од сопруга на вработен во СЈО

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Ова е содржано во писмениот одговор што „360 Степени“ го доби денеска откако по претходно добиени дополнителни сознанија за тоа што се случувало во СЈО во изминатите денови и недели, претпладнето испративме неколку прашања до ова обвинителство. СЈО во саботата демантираше дека е издадена наредба за бришење компјутери што беше реакција на текстот на „360 Степени“ под наслов „Катица Јанева наредила ‚форензичко бришење’ на компјутерите во СЈО“.

Дали Љуба Цилкова - директорката на психијатриската болница-Негорци го издала боледувањето на Катица Јанева? Извори на ТВ 24 од СЈО ја потврдуваат оваа информација, но на ПР службата во обвинителството Јанева им рекла дека боледувањето и го издал матичен лекар.

Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен токму во обвинителството со кое раководи Јанева. Оваа информација за вработувањето на Цилков ја потврдија и официјално од СЈО. 

Премиерот на Бугарија,  Бојко Борисов в четврток, доаѓа во Македонија и заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев и ќе го прослават празникот Илинден.

Бугарските медиуми пишуваат дека Борисов ќе присуствува на церемонијата во црквата Свети Спас, но нема да присуствува на Мечкин Камен.

Борисов по вторпат присуствува на заедничка прослава на Илинден.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

По последниот во низа статус на Гејсбук од страна на пооранешниот премиер Никола Груевски исполнет со емотикони, СДСМ му порача да се врати во Македонија и „дека во затвор ќе има време за смајлиња и срценца“

„Криминалецот во бегство, Никола Груевски во негов, препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура, далеку од своите сограѓани.Дојди Груевски и соочи се со гневот на граѓаните.Македонците и сите заедници од земјава расчистија со темните улици на Груевски, сега одиме напред по светли патишта. Таа светлина Груевски не може да ја почувствува скриен од својот народ. Таа светлина е светлина на напредокот. Светлина на економски раст од 4.1 отсто, раст на платите и пензиите, намалување на невработеноста на историски најниски 17,8 отсто, на рекорден раст на странските инвестиции.

Од друга страна е темнината на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, темнина на криминал, корупција, отворени судски предмети за тешки кривични дела и правосилни затворски пресуди за неправдите и криминалите што ги правеа врз својот народ цели 11 години.Во затворот кој го чека, Груевски ќе се соочи со казната за тоа што го газеше народот.Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца“, гласи реакцијата на владеачката партија.

Груевски, кој во моментов е пребеган азилант во Унгарија, денеска по подолга пауза го напиша својот прв статус на Фејсбук откако започна истрагата за случајот „Рекет“. Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ напиша дека секојдневно во Македонија се случуваат нови скандали и афери.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл