07 Октомври, 2024
0.0267

ФОКУС НА ДЕНОТ: Jaнева наредила предметите од СЈО да се предадат во ЈО, Ременски на распит за „Рекет“

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека сите свои досегашни предмети ги успраќа во редовното обвинителство по наредба на специјалната обвинителка Катица Јанева, која во моментов е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“ и чиј мандат истекува на 15 септември.

„Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за  автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, гласи соопштението на СЈО.

Јанева дала наредба сите истраги и предистражни постапки на СЈО во рок од три дена да бидат предадени на Јавното обвинителство, потврдија за МИА од СЈО. Тоа значи дека целокупната документација, заедно со доказите и полномоштвата на обвинителите, треба да се префрлат во ЈО.

Фросина Ременски по сведочењето во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“ за медиумите рече дека била повикана да даде одговор за се што е поврзано со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и истакна дека немала никакви контакти со преостанатите лица од аферата. За тоа што била прогласена за почесен претседател на Меѓународниот сојуз, не сакаше да открие дали била злоупотребена во тој случај додека се одвива истрагата во која осомничени се Боки 13, Зоран Милевски и Катица Јанева.

- Не сум запозната со контактите и фирмите на Меѓународниот сојуз.  Почесно претседателство е признание за лице чии одредени активности имаат заеднички допирни точки со наводната активност на организацијата која го дава признанието. Почесно претседателство имаат и други лица кои во ниту еден момент не учествувале во активност на одредена организација која го прогласува“, рече пратеничката на СДСМ.

Додаде дека му остава на обвинителството да утврди што правел Меѓународниот сојуз.

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, реагираше жестоко против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, по неговиот објавен статус во кој новата министерка за финансии ја нарече „Нина Групировка“.и „Џирло девојка“.

„Ние жените ќе бидеме се погласни и се поприсутни на јавни клучни позиции каде што се носат одлуки за иднината на државата независно од обидите на шовинистите да го спречат тоа. Заедно ќе се бориме против сексизмот и шовинизмот во нашата држава.

Стоилковски е недостоен да биде на било каква функција, а уште помалку да има пристап до медиумите преку кои шири омраза и навреди.
Срамно и недолично е однесувањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова е под секое ниво на политичка култура, под секое ниво на култура воопшто. Никогаш нема да одиме напред ако не го казнуваме и искорениме јавното линчување и етикетирање на жените.
Жени продолжуваме уште посилно да се бориме против силите што го влечат назад нашето општество!“, повика Царовска.

Новинарот од италијанскиот весник Ла Верита, Ларис Гајсер во изјава за  „Танјуг“ вели дека поседува уште материјали за случајот „Рекет“ и дека ќе објави нови  детали ако македонските истражни органи не си ја завршат работата.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер