07 Октомври, 2024
0.0292

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јовески вели дека имаат капацитет за предметите на СЈО, Заев не знае дали Камчев го снимал

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ЈОРМ има капацитет и соодветен кадар за случаите на СЈО, изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески за „Сител телевизија“. Тој вели дека не очекува никакви пречки од специјалните обвинители.

СЈО во законскиот рок процесуираше 20 предмети од кои 15 сe без судска развршница. По јуни 2017-та обвинителството отвори и 15- тина истраги, а води и над 50 предистражни постапки. 

Премиерот Зоран Заев не знае дали бизнисменот Орце Камчев го снимил и него. 

Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал. Ова го вели премиерот Зоран Заев за Орце камчев во интервју за Фокус.

„Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци“, вели Заев.

Toj не кажа дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Камчев и дали нова „бомба“ може да експлодира во јавноста.

„Во снимките што ми ги презентираше Камчев, немаше докази дека Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност“, тврди Заев

Калајџиев изјавува дека на крај излегло дека СЈО служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ и дека намерата на Владата е СЈО да згасне, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

„Тупанчевски пак тврди дека ние сме се покажале како незрело општество затоа што многу сме верувале во концептот на СЈО, а тоа ни се вратило како бумеранг. Се покажало дека таквото обвинителство (СЈО) има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои биле дел од тоа обвинителство не докрај ја завршиле својата мисија, како што претходно најавуваа. Епа да де!!! Токму тоа. Тоа го зборувавме цело време во изминативе години? Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ! Исто така, интересно е дека за НВО секторот не било прифатливо ниту едно од предложените решенија, оти така немало да се има никаква автономија во гонењето на висока коруција и политичари. Дали со ова НВО секторот ни кажува, односно потврдува дека ЈО не е автономно и е под директива на водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ – Зоран Заев? Кој го има истиот став со месеци, односно години наназад? ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува Јанушев

Mинистерката за правда Рената Дескоска вели дека добро е да се донесе Законот за јавно обвинителство, иако сега веќе не е ургентно. 

Ова го изјави откако вчера републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека Јавното обвинителство ќе ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од СЈО.

Професорката Билјана Ванковска вели дека ако Калајџиев е осамен во ставовите за СЈО, тоа не значи дека не е во право! 

„Стручниот и академскиот став не подлежи на законот на мнозинско гласање. Тоа значи и дека мисли со своја, а не со партиска глава“, напиша таа на Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи