08 Октомври, 2024
0.0273

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија го слави Илинден, политичарите испратија пораки до народот

Објавено во: Македонија 02 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Владина делегација утрово оддаде почит и положи свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев, во Македониумот во Крушево.

По повод 116 години од Илинденското востание, цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски, Делегација од Собранието, предводена од премиерот Зоран Заев,, делегација од општина Крушево и Сојузот на борците на Македонија.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија по повод Илинден се обрати од Мечкин камен, Прилеп.

„Продолжуваме да го негуваме наследството за едно општество, продолжуваме со политиките на надминување на поделбите, сите ние македонци, албанци, срби, роми, бошнаци, турци и сите други, сметаме дека е патриотска должност да се помириме и обединиме, Мечкин камен да биде камен темелник на заедништво и разбирање, не на поделби и каменување“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, истакна и дека како држава се обединивме со соседите, и со западноевропското семјство.  Според Заев, илинденското востание е крик за обединување, а дека делбите не се патриотизам.

Претседателот на собранието, Талат Џафери по повод Илинден, се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

„Многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее“, изјави Спикерот Џафери по повод празникот во Пелинце.

„Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување, патот до помирување води преку правдата втемелена со вистина, а за вистинска правда е потребно владеење на правото“, истакна Шефот на државата Стево Пендаровски во своето обраќање пред вилата на Водно по повод чествувањето на Илинден.

Претседателот истакна дека само правдата и одговорноста ќе ни ја врати меѓусебната доверба и заедно  да изградиме праведно општество, во кое сите ќе се вреднуваат еднакво.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ e спречена да положи венец на Никола Карев. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека партиската делегација била спречена да положи венец на споменикот Македониум на гробот на Никола Карев во Крушево, а исто така биле оневозможени да се упатат кон Слива и морале во приватна организација да одат на двете места.

„Очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што му треба на македонскиот народ“, вели Николоски

ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум, велат од Владата. 

Реагираат по изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека на партиската делегација не било дозволено да положи цвеќе на гробот на Никола Карев во споменикот Македониум во Крушево. Од Владата велат дека ВМРО-ДПМНЕ биле уредно известени за сите организациски детали, а и потврдиле дека ќе учествуваат

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл