07 Октомври, 2024
0.0281

ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонија слави 28 години независност, политичарите со различни пораки

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

На 8 септември 1991 година во Република Македонија се одржа успешен референдум по кој беше прогласена независна Република Македонија, која дотогаш беше во рамките на СФРЈ.

На референдумот граѓаните се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Учествува 1,2 милиони Македонци и други граѓани на Македонија, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија.

Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.

Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.

Премиерот Зоран Заев денеска на прославата по повод Денот на независноста 8-ми Септември во градскиот парк, порача дека Maкедонија се стреми кон членство во НАТО и ЕУ. 

Вели дека создаваат држава со сосема извесна европска иднина. 

Заев кажа дека донеле големи одлуки и направиле вистински избори. 

Премиерот се заблагодари на сите народи кои покажале разбирање. 

„Овие мостови кои ги градиме денес се крвотокот на нашата доверба и нашата заедничка иднина“, вели Заев

Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот, напиша на Фејсбук екс премиерот Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија

Шефот на државата, Стево Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста упати честитка до граѓаните. 

Во неа наведува дека во 1991-та, во неизвесно време, се обединивме околу идејата за своја, независна држава. 

Вели дека тогаш, големиот предизвик, наместо причина за поделби, стана повод за обединување, сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија, порачува шефот на државата.

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега е време кога треба да покажеме и докажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата татковина. 

Додаваат дека време е сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. 

„Овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува. Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува. На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледа како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти. Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата. Се најавува ревизија на учебниците и промена на обележјата. Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето. Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото“, стои во честитката по повод 8-ми Септември

Обвинителките од СЈО Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи присуствуваа на прославата за 8-ми септември во Градски Парк.

„Денеска славиме, од вторник за СЈО“, велат тие за Тв21.Добиле покана како претставници од СЈО од Владата и затоа се присутни, но за СЈО не сакаат да коментираат.

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи