ФОКУС НА ДЕНОТ: Минималец како социјалец, морбилна епидемија, битка за двотретинско мнозинство
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Три пати повеќе од досегашната ќе изнесува социјалната помош. Истата ќе се израмни со моменталната минимална плата а токму тоа ја вжешти дискусијата во јавноста околу минималните плати и социјалната помош.
Дали се исплати да се оди на работа ако се зема најниската минимална плата, проценете сами, а деталите на оваа тема може да ги прочитате тука.
Морбилната епидемија во главниот град уште е на сила.
Родителите и надлежните ги судрија ставовите околу вакцините уште еднаш но податоците велат дека до 13 часот денеска во скопските поликлиники се вакцинирани над 800 лица со МРП.
Лекарите смируваат и велат дека нема потреба за паника а апелите се родителите да побрзаат и да ги вакцинираат дечињата. Во спротивно може да се соочат со голема парична казна.
Се води битка за двотретинско мнозинство. Првиот човек на владата денеска ќе се обиде да го убеди опонентот од Беса Билал Касами и неговите пратеници да гласаат за уставни измени.
9 и 15 јануари се датумите кои варираат за гласање на уставните измени во Законодавниот дом.
Разговарале во пријателска атмосфера. Ќе има средба на работна група до вторник за дефинирање на конечните позиции.„На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од Беса на Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции”, наведуваат од владината прес служба.