27 Декември, 2024
0.0294

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема датум за Македонија, Пендаровски свика лидерска

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел изјави дека не успеале да постигнат консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, и дека ќе се навратат пак на самитот во Загреб. 

„Ставот на Германија беше дека треба да почнат преговори, но немаше консензус и не донесовме заклучок“, рече таа.

Меркел вели дека сметала дека е подобро да се третираат кандидатурите за членство на Северна Македонија и Албанија заедно, наместо да се дадат пристапни преговори само на Скопје.

Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.

Ни една одлука не е конечна. Остануваме на европскиот пат, тоа ќе продолжи да биде наша стратешка ориентација. Уште посилно да се бориме со криминалот и корупцијата и да ги исполниме реформите. Не е време за апатија, тензии и калкулации, туку да се обединиме околу нашите стратешки цели. Тој потврди дека за таа цел ги повикал лидерите на средба во недела и сите ја прифатиле поканата.

Ова се дел од поентите на шефот на државата, Стево Пендаровски, откако денеска стана јасно дека лидерите на земјите на ЕУ не дадоа датум за почнување преговори со земјава.

„За жал, одлуката на Советот на лидерите на ЕУ не се совпадна со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е што кај многу од нас постои голема разочараност. Но, мора трезвено да се соочиме со новата реалност. Оваа одлука не е за вечни времиња, не е конечна. Неспорно е дека ги исполнивме сите предуслови за почеток на преговори. Тоа ни беше кажано уште во јуни, без други забелешки, а се наведе дека одложувањето е заради технички причини“, рече претседателот Пендаровски. 

Тој наведе дека сите информации говорат оти има различни ставови на носечките земји членки на ЕУ за проширувањето.

Целосно ја разбирам вашата фрустрација, зашто вие го направивте вашиот дел, а ние не, им порача на Скопје и Тирана претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск на денешната прес-конференција по завршувањето на Самитот.

Тој ги замоли двете земји да не се откажуваат. 

„ЕУ е комплексен политички субјект и навистина понекогаш ѝ треба предолго да одлучи, но апсолутно немам сомнеж дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече Туск.

Вели дека Македонија и Албанија не се криви и дека направиле сè што се барало од нив и дека Преспанскиот договор е извонредно достигнување, но, иако големо мнозинство од членките сакале, „неколку земји“ не биле подготвени да дадат датум за преговори.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, изјави дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Тој за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003. година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, изјави Макрон, додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Во тек се консултации на различни нивоа, брифираат од кабинетот на премиерот Зоран Заев. 

„Одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста. Премиерот оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан. Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени“, додаваат оттаму. 

Италијанската новинска агенција ANSA претходно јави дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, си дал оставка.

Можеби ќе ве интересира

Ветените 1.200 вработувања во здравството ќе се чекаат во јануари

Ветените 1.200 вработувања во здравството ќе се чекаат во јануари

„КАЈ НАС НЕМА ПАЦИЕНТ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“: директорот на Инфективна клиника вели нема простор за паника по утврдувањето на заболен во Косово

„КАЈ НАС НЕМА ПАЦИЕНТ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“: директорот на Инфективна клиника вели нема простор за паника по утврдувањето на заболен во Косово

„МАНИПУЛАЦИИТЕ И ЗЛОУПОТРЕБИТЕ МОРА ДА БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ“: СДСМ бара оставка од Ристовска од ДКСК и преиспитување на случајот со Христовски

„МАНИПУЛАЦИИТЕ И ЗЛОУПОТРЕБИТЕ МОРА ДА БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ“: СДСМ бара оставка од Ристовска од ДКСК и преиспитување на случајот со Христовски

ЈА СЛЕДЕА КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ДИПЛОМАТА, ДАЛИ Е СООДВЕТНА ЗА ФУНКЦИЈАТА - Миликије Халими не е повеќе директорка на државното АД „Аеродроми“

ЈА СЛЕДЕА КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ДИПЛОМАТА, ДАЛИ Е СООДВЕТНА ЗА ФУНКЦИЈАТА - Миликије Халими не е повеќе директорка на државното АД „Аеродроми“

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата