29 Септември, 2024
0.0354

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ограбена банка во Сарај, Заев му честиташе на Мицотакис

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, информираат од банката.

Попладнево од НЛБ потврдија дека се украдени околу 115 илјади евра и дека нема повредени.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, денеска реши да ја бојкотира седницата на собраниската комисија за труд и социјална политика, затоашто, како што кажа тој, сабајлчето го сопрела полициска патрола и му го претресувала возилото. Манојлоски бара официјално известување за причината за ваквиот наводен потег од страна на МВР.

Поради отсуството на Манојлоски, претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако тој ја напушти во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието

Премиерот Зоран Заев ја информираше јавноста дека стапил во телефонски контакт со новиот премиер на Грција, кирјакос Мицотакис, и дека двете земји продолжуваат понатаму да го градат пријателството без разлика што досегашната власт со која заедно беше реализиран Преспанскиот договор ги загуби вчерашните избори.

„Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција. Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери. Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, наведе премиерот.

Заев упати благодарност и за досегашната соработка со Алексис Ципрас, чија Сириза загуби на предвремените парламентарни избори.

Пратеникот Александар Кирацовскји и порача на опозицијата да не се надева дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ќе загубат на следните парламентарни извори само затоа што вчера Алексис Ципрас и Сириза ја загубија власта од Нова Демократија и Киријакос Мицотакис во Грција.

„Да ликуваш дека оној кој ни го признал македонскиот идентитет, јазикот, културата, токму затоа ги изгубил изборите во Р. Грција, во најмала рака, е политички некултурно. А да се надеваш, пак, дека тој кој ги отворил европските перспективи на нашата Македонија, сочувувајќи го нашето највредно, есенцијата на националниот идентитет (поради што неговиот колега, нели, ги загубил парламентарните избори во својата земја) ќе ги загуби следните избори е целосно контрадикторно и политички неуко....Спротивставеноста на страните при решавањето на спорот, резултира со обратна пропорционалност при исходот“, гласи коментарот на Кирацоски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“