29 Септември, 2024
0.0293

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сведоци открија нови моменти од „Рекет“, момчиња упасени за лажна дојава за бомба во Сити мол

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Нови детали секојдневно се откриваат за случајот „Рекет“ каде прв обвинет е Бојан Јовановски.

Со шоуменот со кој долги години се пријатели, водителката Лила Филиповска денеска откри дека не се во добри односи.

-Дента кога Бојан беше приведен патувавме на одмор кон Миконос, со уште две лица-изјавила познатата водителка.

Лила, како што пренесоа дел од медиумите потенцирала и дека се познаваат долги години со Боки, но дека во моментов не се скарани, но дека веќе не се пријатели. 

Вели дека 4 години биле скарани, па потоа се смириле

На денешното рочиште Бојан Јовановски ја обвини обвинителката Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра. Тој вели дека за ова тврдење има несоборливи докази. Најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа, како и уште против 18 лица.

Бојан Јовановски кој е обвинет во случајот „Рекет“, ниту го платил, ниту дал компензација за лускузниот мебел. 

Лидија Младеновиќ, управителка на „Зона текс“ и „Зона мебел“ на денешното рочиште за „Рекет“ изјави дека не го познава лично првообвинетиот во случајот Јовановски и дека зборувала со него само на телефон.

Почина скопјанец заразен со маларија. 

Скопјанецот на возраст од 35 години, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, е примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.

Две 19-годишни момчиња попладнево се приведени за лажната дојава на бомба во трговскиот центар Сити мол во главниот град. 

Уапсени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше полицијата

На барање на Јавното обвинителство во поранешно СЈО влегуваат државните ревизори. 

Државниот завод за ревизија ќе испрати тројца ревизори да ги проверат паричните надоместоци кои ги добивале обвинителите. Главниот државен ревизор Максим Ацевски изјави дека ревизорите ќе почнат да ги разгледуваат докумените од први февруари.

Досега над 6.000 стечајни работници аплицирале за добивање на месечен паричен надоместок до пензионирање.

Паричникот на Македонците малку се здебелил, но се уште е тенок и во однос на повеќе земји во регионот, а далеку послаб во споредба со европските држави.

Во Македонија долго време немаше Геолошки завод, нема карти, ниту бази на податоци па затоа државата не ни знае со какви  резерви на минерални суровини располага. Државата нема увид во состојбата, во експлоатираните количини, ниту пак има Стратегија за рационално и одржливо искористување на минералните суровини.

Владата за 8,3 милиони евра реши да ја купи зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели и истата ќе ја даде на користење на некоја друга институција.

Најголемите четири кумановски компании се во целосна или мнозинска сопственост на семејството Каранфиловски

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“