29 Септември, 2024
0.0267

ФОКУС НА ДЕНОТ: Тамара и амбасадата се извинија за химната, Латас е невин

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Амбасадата на САД во Скопје и се извинува на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска не ја испеа строфата во која се споменуваат Гоце Делчев и другите национални херои.

„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, гласи соопштението на американската амбасада.

По критиките во јавноста за испуштање на делот од химната каде што се спомнува Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански и другите македонски херои, од стана на Тамара Тодевска на синоќешната прослава во американската амбасада, по повод независноста на САД, пејачката се огласи на својот фејсбук профил.

„ Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.

Со почит, Тамара“, напиша пејачката.

Драган Павловиќ Латас и браќата Срѓан и Звездан Павловиќ се ослободени од кривично обвинение во случајот „Тревник“ бидејќи викендичките во Зеленикобо бидејќу започнати од 2013 не биле оспорени од никого, според Законот за бесправно изградени објекти и судската пракса. Според оваа одлука на Основниот суд Скопје, судските трошоци ги плаќа државата, а се укинуваат мерките на претпазливост. Во корист на тројцата браќа одело и тоа што никој државен орган не поднел пријава за бесправна градба.

Според судот, дивоградбите може да се легализираат доколку се вклопува со урбанистичкиот план. Со поминување на 10 години од дивоградбата тие може да се запишат во јавната книга за запишување на надвижностите. Градоначалникот на Зелениково навел дека процедурата била испочитувања, според Законот за бесправноизградени објекти  да бидат легализирани дивоградбите

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“