08 Октомври, 2024
0.0388

ФОКУС НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ „пукна бомба“ за Сугарески, а Заев го повика Груевски да се врати

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Опозициската партија преку прес конференција денеска објави видео снимка, која како што кажа Игор Николов била објавена на Интернет.

Во „бомбата“ како што ја нарекоа од ВМРО ДПМНЕ се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски а снимката според Николов е од состанокот на ново вработените во болницата во Прилеп.

„За време на претседателските избори СДСМ направи злоупотреба со тоа што функционери агитирале гласачи во јавни институции. Наместо за државата, функционерите на СДСМ работат за партијата. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите ново вработени со надомест за работното место, ќе мора да истрчаат за партијата за време на изборите и да гласаат за Пендаровски-обвини Николов.

Премиерот Зоран Заев денеска го повика екс премиерот, Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија,  да се врати во Македонија, затоа што и одлежувањето на казна затвор е помош.

„Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Сѐ е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со сѐ, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома“, вели Заев.

Премиерот ја коментираше и средбата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

„Мислам дека тие се сретнаа како двајца лидери на европски народни партии. Јас верувам дека таа средба може да придонесе за зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Унгарија“ – истакна Заев.

Фисник Адеми, синот на пратеникот Џеват Адеми, и уште еден негов роднина се погодени од рикошетиран куршум на свадба во Тетово Се јавија гласини на социјалните мрежи дека поранешниот заменик-министер за животна средина бил еден од оние кои прославувале со огнено оружје, но семејството брзо демантираше.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл