ФОН ДЕР ЛАЈЕН КРИЕЛА ДОГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА КОВИД ВАКЦИНИТЕ: Кандидатурата за втор мандат доби „директен удар“
Објавено во: Свет 17 Јули, 2024 20:40
Кандидатурата на
Урсула фон дер Лајен за втор мандат за претседателка на Европската комисија
доби голем удар, откако денеска највисокиот суд на Европската Унија пресуди
дека таа не е доволно транспарентна во однос на договорите за набавка на
вакцината против Ковид.
Генералниот суд на Европската Унија пресуди дека ЕК нема право да крие големи делови од договорот пред да ги стави на располагање на јавноста, пренесува Политико.
Пресудата е донесена 24 часа пред пратениците во Европскиот парламент да одлучуваат за политичката иднина на Фон дер Лајен. На тајно гласање и е потребна поддршка од 361 од вкупно 720 пратеници, а резултатот се очекува да биде тесен.
Една од групите од кои Фон дер Лајен очекува поддршка утре се Зелените, чии членови ја покренаа оваа судска постапка откако поднесоа барања за пристап до договори за вакцини и одредени сродни документи.
Комисијата се согласи да обезбеди делумен пристап до одредени договори, тврдејќи дека некои делови се скриени за да се заштитат комерцијалните интереси или приватноста, а пратениците на Зелените поднесоа тужба против ЕК.
Судот денеска делумно ја уважи тужбата на пратеникот и ја оспори одлуката на Комисијата да ги сокрие клаузулите за обесштетување, со образложение дека не докажала дека нивното обелоденување ќе им наштети на комерцијалните интереси на фармацевтските компании.
Комисијата, исто така, одби да ги објави личните податоци на службениците кои преговарале за купување вакцина поради загриженост за приватноста, но судот утврди дека е во „јавен интерес“ да се идентификува тој тим за да се утврди дали тие имале конфликт на интереси.
Во соопштението, Комисијата наведува дека судот се согласил дека одредени одредби од договорот се опфатени со заштитата на комерцијалните интереси и дека само делумно го прифатил тужбеното барање.
Се додава дека Комисијата „внимателно ќе ги проучува пресудите на Судот и нивните импликации“ и дека „ги задржува своите правни опции“. Против пресудата ЕК може да поднесе жалба во рок од два месеца и 10 дена.
фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSONМожеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




