17 Мај, 2024
0.0268

Фондот за иновации го објавува продолжувањето на постапката за разгледување и селекција на предселектираните предлог проекти

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој го објавува продолжувањето на постапката за разгледување и селекција на предселектираните предлог проекти на четвртиот  јавен повик за финансирање под инструментите „Кофинансирани грантови за стартап и спин-оф“ и „Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација и иновации“. 

Во рамки на четвртиот повик, во фазата на селекција влезени се 32 проектни предлози. Вкупен износ на средства што се побарани од компаниите апликанти што влегуваат во фаза на селекција изнесува 1,7 милиони евра односно 20% над вкупниот буџет на повикот.

Фондот за иновации и технолошки развој подготви целосно досие на предселектираните проектни предлози и истото е веќе доставено до Комитетот за разгледување и селекција.

Согласно решението на Владата за именување на нови членови на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој од 28.11.2017 година, тој е составен од: Кларис Бехар Молад за член со мандат од 3 години,Дон Левис за член со мандат од 3 години,Никос Георгоулас за член со мандат од 3 години,Глигор Ташковиќ за член со мандат од 2 години и Ави Сахи за член со мандат од 2 години, а под претседателство на Кларис Бехар Молад.

Во втората половина на јануари 2018 година, на предселектираните проекти ќе им биде овозможена јавна презентација пред членовите на новиот Комитетот, по што треба да биде донесена крајна одлука кои предлог проекти ќе бидат корисници на средствата од четвртиот повик.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!