26 Октомври, 2020
0.0206

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето

Објавено во: Економија 13 Август, 2020

Фондот за осигурување на депозити, согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија за укинување на дозволата за основање и работа на „Еуростандардбанка” АД Скопје ги известува сите физички лица – депонентина „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена иќе се изврши во согласност со законските прописи.

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година. 

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.

Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за ДАТУМОТ НА ПОЧЕТОК НА ИСПЛАТАТА на обесштетувањето и за НАЗИВОТ НА БАНКАТА/БАНКИТЕ преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите.

За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на „Еуростандард Банка” АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонскитеброеви: 02/ 3235-730 и02/3235-735. 

Можеби ќе ве интересира

Најголем пад на економијата во еврозоната по Втората светска војна

Најголем пад на економијата во еврозоната по Втората светска војна

Која метална индустрија го има лекот за короната?

Која метална индустрија го има лекот за короната?

Ќе се менува Законот за работни односи за да нема фиктивни откази

Ќе се менува Законот за работни односи за да нема фиктивни откази

Владата ги објави платите на вработените и советниците во кабинетот на Заев: Најплатени Верушевски и Нина Фити-Неделковска

Владата ги објави платите на вработените и советниците во кабинетот на Заев: Најплатени Верушевски и Нина Фити-Неделковска

Студија на почетокот од грејната сезона: Две третини од Македонците се уште се греат на дрва

Студија на почетокот од грејната сезона: Две третини од Македонците се уште се греат на дрва

Бизнисмени: Државата ни должи 300 милиони евра за неплатени фактури

Бизнисмени: Државата ни должи 300 милиони евра за неплатени фактури

Оштетени штедачи: Извештајот на стечајниот покажува дека од „Еуростандард“ се извлечени 60 милиони евра

Оштетени штедачи: Извештајот на стечајниот покажува дека од „Еуростандард“ се извлечени 60 милиони евра

Кавадарци се задолжува кај домашна деловна банка за изградба на градскиот пазар

Кавадарци се задолжува кај домашна деловна банка за изградба на градскиот пазар

Владата прифаќа да им плати три кирии на ноќните клубови

Владата прифаќа да им плати три кирии на ноќните клубови