Форд отпушта работници, Порше и Хјундаи бележат раст
Објавено во: Стил 26 Октомври, 2012 13:19
Форд го намалува своето производство во Европа за 18 отсто, или за 355.000 возила. Поради тоа планира да отпушти 6.200 работници со цел да го врати своето профитабилно работење во Европа.
Во соопштението на американската компанија се наведува дека следните години ќе го прекине производството на комби во Британија, како и дека покрај веќе најавените 4.300 ќе укине уште 1.400 работни места во Белгија, за да ги спречи загубите во Европа, кои оваа година можат да надминат 1,5 милијарди долари. Додека Форд бележи загуби, германскиот производител на луксузни автомобили Порше и најголемиот јужнокорејски производител на автомобили Хјундаи, со позитивни очекувања. Од Порше соопштија дека за три тромесечја оваа година ќе го зголемат оперативниот профит за 23 отсто, на рекордни 1,88 милијарди евра, додека прометот пораснал 28 отсто. Фабриката која работи како дел од Фолксваген, од јануари до септември ја зголеми продажбата за 15 % , на повеќе од 104.000 возила. Хјундаи пак, во третото тромесечие оствари раст на вкупниот профит од 13 % или 1,51 милијарди евра. Од компанијата соопштија дека штрајковите во погоните во Јужна Кореја, довеле до благ пад на продажбата во странство.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





